Научници: Океаните никогаш во историјата не биле потопли

Сподели со своите пријатели

Светските океани стануваат се потопли, а нивните температури продолжуваат да растат, покажува најновото истражување објавено во Колорадо.

Loading...

Минатата година биле забележани највисоките температури на океаните во историјата на мерењата, што е шеста година по ред како се соборува овој рекорд. Научниците наведуваат дека главната причина е глобалното затоплување, односно климатските промени.

 

 

„Температурите на океаните немилосрдно растат на глобално ниво, што е примарен показател за климатските промени предизвикани од човекот“, рече климатологот Кевин Тренберт од Националниот центар за атмосферски истражувања во Колорадо.

Потоплите води на океаните влијаат на создавање на посилни бури, урагани и екстремни врнежи, што го зголемува ризикот од тешки поплави. Загреаната океанска вода се шири на север и на југ, уништувајќи ги ледените слоеви на Гренланд и Антарктикот, што пак влијае на зголемувањето на нивото на морето.

Океаните апсорбираат околу една третина од јаглерод диоксидот предизвикан од човековите активности, што доведува до нивно закиселување. Процесот ги уништува коралните гребени кои се дом на четвртина од светскиот морски свет и извор на храна за повеќе од 500 милиони луѓе, пишува Гардијан.

Loading...

 

 

Како што светот се загрева поради согорувањето на фосилните горива, уништувањето на шумите и други активности, океаните преземаат најголем товар од дополнителна топлина. Така, океаните апсорбирале повеќе од 90 проценти од топлината произведена во последните 50 години, со што привремено ја штитат флората и фауната на копното од екстремно високи температури.

Количината на топлина што ја апсорбираат океаните е огромна. Минатата година, горните 2.000 метри од океанот, каде што се случува најголемиот дел од затоплувањето, апсорбираа 14 зетаџули топлина повеќе од 2020 година. За споредба, годишната потрошувачка на енергија во светот е приближно 0,5 зетајули. Со други зборови, количината на дополнителна енергија во океаните оваа година била 145 пати поголема од целокупното светско производство на електрична енергија.

 

 

Loading...

„Додека не достигнеме нула емисии на штетни гасови, океаните ќе продолжат да се загреваат. Ќе продолжиме да уриваме температурни рекорди“, изјави климатологот Мајкл Ман од Универзитетот Пен Стејт.

Долгорочното затоплување на океаните е најизразено во Атлантскиот и Јужниот Океан, иако треба да се напомене дека минатата година рекордно високи температури беа забележани и во Средоземното Море.