Дел од научната јавност во светот смета дека поради забрзната роботизација мора да се донесат закони кои би се однесувале на машините, но и дека мора да постои начин засекогаш да се изгасне робот кој ќе ги прекрши правилата.
Вештачката интелигенција, на различни начини, одамна управува со луѓето некои сфери на животот.
Веќе се најавени автономни возила, а и денес во некои возила одлучува електрониката, а не човекот.
НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Роботите ја кројат судбината на светот
Loading...
Роботите ќе извршуваат разни функции во блиска иднина, од домашни задачи и бирократија до емотивни односи со човечки партнери.
Веќе постојат барања пред некои судови за легализација на брак меѓу човек и робот.
Затоа дел од научната јавноста прашува како да се казни робот ако му наштети на човекот?
Што ќе се случи и кој ќе биде виновен ако погреши робот кој управува со возило на пат или атомска електрана и оружје или предизвика хаварија во нечиј дом?
Произведувачот на рускиот тенк „Армата“, сега ќе прави армија од роботи (видео)
Многумина сметаат дека итно треба да се успостави законска регулатива за правата и обврските на роботите, односно одговорноста з анивната работа и делување.
Потребно е брзо делување и гасење на роботите, доколку нивната активност го загрози човекот.
Роботите веќе влегоа во разни сфери на човековиот живот и потребен е „прекинувач“ за гасење на машините во случај тоа да биде неопходно, пренесуваат научните портали за роботика.