Натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Унгарија во рамки на претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година сепак нема да се игра во Куманово.
Иако првично беше најавено дека и двата натпревари ќе се играат во Спортската сала Куманово, сепак федерацијата втората средба, онаа со Унгарија ја закажа во СРЦ Кале во Скопје.
Засега нема објаснување од кои причини е сменета локацијата на натрепварот, иако првично ФИБА најави дека двата меча ќе бидат на кумановски терен.
Првиот натпревар со Романија се одигра пред полни трибини во Куманово, но се случи и мал инцидент кога одредени лица од публиката скандираа пароли на национална основа. Дали ова е причината зошто Куманово нема повторно да биде домаќин, засега е нејасно.
Никола Ивановски