Натпреварот КК Фени Индустри – КК Куманово со пренос во живо на МРТ

Сподели со своите пријатели

По четири месеци одмор, најдобрите екипи во македонската кошарка викендов ја започнаа трката по 24- тата шампионска круна во Првата лига, со одиграни натпревари и тоа, КК Кожув – Работнички (88 -67) како и натпреварот КК Карпош Соколи – Бест со убедлива победа на Соколите (113 -62).

Loading...

Бранителот на тронот МЗТ Скопје Аеродром со реновиран тим и сезонава е првиот фаворит за освојување на титулите на домашната сцена, но и вицешампионот Куманово, потоа КК Карпош Соколи и Кожув, како и најтрофејниот тим Работнички.

Македонскиот претставник во ФИБА купот, вицешампионот Куманово со искусен тим составен од кошаркари кои веќе неколку сезони играат заедно и секако верна публика, најавува битка за шампионскиот пехар, со веќе закажан натпревар во вторник /13 октомври/ против Фени Индустри.

Capture

Листа на одобрени играчи за оваа сезона

Веќе искусните и докажани домашни кошаркари Костоски, Јаневски, Караџовски заедно со интернационалците  Урош Луковиќ, Мандиќ, Ентони Ли Дивајн, Неговановиќ, Игор Бјелиќ, Урош Петровиќ, и останатите се подготвени сезонава да ја израдуваат верната публика со барем еден трофеј. Минатата сезона Куманово  беше дел од големото финале , но сега кумановци се решени да се искачат едно скалило повисоко.

Инаку досега Работнички со 14 титули е најуспешниот тим во историјата на Првата македонска кошаркарска лига, 4 шампионски трофеи има освоено МЗТ Скопје Аердором, Фени Индустри на три пати бил шампион на Македонија, по еден шампионски пехар имаат Никол Ферт Гостивар и Струмица 2005.

Натпреварот помеѓу Фени Индустри и КК Куманово ќе биде пренесуван во живо на програмата на МРТ со почеток од 20 часот.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.