НАТО започна истрага: Хакери продаваат воени податоци на интернет

Сподели со своите пријатели

Алијансата НАТО започна истрага за украдени податоци од доверливи воени документи кои хакерска група ги понудила на продажба на интернет.

Loading...

Како што пренесува Би-Би-Си, податоците вклучуваат нацрти за оружје што го користеле сојузниците на НАТО во конфликтот во Украина, а хакерите го продавале преку интернет откако ги украле податоците од MBDA Missile Systems, голем европски производител на оружје.

Инаку, оваа компанија со седиште во Франција објави дека нејзините информации се хакирани од надворешен хард диск и дека соработува со властите во Италија, каде што се случи пробивањето на податоците, но дека ниту една од доверливите датотеки не е на компанијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Документи со неколку различни нивоа на доверливост

НАТО соопшти дека алијансата ги проценува тврдењата поврзани со доверливите податоци, наводно украдени од МБДА, велејќи дека нема индикации дека некоја од мрежите на алијансата била компромитирана.

Сајбер-криминалците кои работат на руски и англиски форуми ставаат 80 гигабајти украдени податоци на продажба на интернет за 15 биткоини, или околу 18 илјади фунти.

Бесплатно е понуден онлајн примерок од 50 MB од податоците, кои Би-Би-Си тврди дека ги видел и кои вклучуваат документи означени со неколку различни нивоа на доверливост што ги користи НАТО, како што се „NATO Confidential“, „NATO Restricted“ и „Unclassified Controlled“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Разузнавачка комуникациска мисија во Естонија

Досиејата, кои Би-Би-Си не можеше самостојно да ги потврди, детално ја прикажуваат „разузнавачката комуникациска мисија“ на американска воздушна ескадрила што беше извршена кон крајот на 2020 година во Естонија над Балтикот.

Инаку, компанијата „MBD Missile Systems“ е основана во декември 2001 година кога се споија компаниите за ракетни системи во Франција, Италија и Велика Британија.

Loading...

Компанијата оствари приход од 3,5 милијарди фунти минатата година.

MBDA Michele Systems е создадена во декември 2001 година по спојувањето на компании за ракетни системи во Франција, Италија и Велика Британија, пишува Би-Би-Си.