НАТО работи на подготовка на одбрана од опасности од вселената, а министрите за одбрана на 30 земји-членки ќе објават в четврток информација за формирање „Вселенски центар“.
Центарот ќе биде основан, како што објави германски „Зидојче цајтунг“, во базата на НАТО Рамштајн во Германија, каде се наоѓа главната команда на воздухопловните сили. Во иднина, сите информации за можни закани по сателитите треба да бидат собрани во Рамштајн, а подоцна е можно да се формира команден центар за одбранбени мерки, пишуваат медиумите.
Плановите на НАТО се потпираат на одлуките донесени минатата година дека вселената треба да биде прогласена за специјален оперативен регион. Сателитите во вселената се користат за комуникација за време на воените операции, а се користат и за шпионажа и извидување, како и системи за навигација, што значи дека нападот врз сателитите на НАТО може да ги ослаби нивните одбранбени способности.
Покрај тоа, напад врз сателити во случај на војна може да се искористи за блокирање на делови од секојдневниот живот.
Покрај САД, Русија, Кина и Индија неодамна дополнително ги подобрија своите можности во вселената, потсетува германскиот весник.
Златко Шумковски