НАТО Самит во јули: Големи можности за Украина, но тешко и скоро членство“

Сподели со своите пријатели

НАТО ќе ѝ понуди на Украина големи можности за помош, но тешко дека ќе биде постигнат некаков напредок во однос на нејзиното членство во Алијансата на самитот на блокот во јули во Литванија, пишуваат западните медиуми.

Loading...

Медиумите јавуваат дека официјални лица и дипломати на Алијансата планираат да презентираат предлог кој ќе вклучува мерки за поддршка на Украина, но нема да ѝ додели статус на таа земја членка.

Извор запознаен со ситуацијата изјави дека решението ќе биде претставено на самитот на НАТО во Вилнус на 11 и 12 јули.

Медиумите посочуваат дека Германија, за разлика од САД и Велика Британија, останува главен противник за влез на Украина во НАТО, бидејќи Берлин смета дека земја која е во конфликт со нуклеарна сила е „далеку од добар кандидат за членство во Алијансата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски повика на итно примирје од еден месец и го обвини Путин за манипулација

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, минатата недела изјави дека е јасно дека неговата земја нема да се приклучи на Алијансата додека не заврши војната со Русија, но дека се надева дека ќе добие покана за влез во блокот од западните сојузници што е можно поскоро.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатиот месец изјави дека Украина „на крајот ќе се приклучи на Алијансата“, а унгарскиот премиер Виктор Орбан се спротивстави на таквата изјава.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.