НАТО ја предупредува Русија за последиците од употребата на нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека употребата на нуклеарно оружје со мала моќност во Украина ќе има сериозни последици за Русија.

Loading...

На прашањето каков ќе биде одговорот доколку Русија некаде употреби нуклеарно оружје, Столтенберг рече дека НАТО е одбранбен сојуз и дека е таму за да спречи конфликт или војна.

„Затоа, ја зајакнавме нашата моќ на одвраќање за да испратиме многу јасна порака до Русија дека сме тука да ги заштитиме и браниме сите членки на Алијансата. Видовме шпекулации за употреба на нуклеарно оружје со краток дострел во Украина и јасно и ставивме до знаење на Москва дека тоа ќе има сериозни последици за Русија“, рече Столтенберг на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок на НАТО министрите за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Тој потсети дека Русија „знае дека нуклеарна војна не може да се добие, ниту пак некогаш треба да дојде до тоа“.

„Исто така, внимателно ја следиме нуклеарната положба на Русија. Не видовме промени во нуклеарната позиција на Русија, но ќе останеме будни, ќе следиме внимателно сè поради нуклеарните закани, нуклеарната реторика. Скриените закани на Русија се опасни и непромислени“, рече Столтенберг, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.