НАТО денеска официјално го номинира Марк Руте за генерален секретар

Сподели со своите пријатели

НАТО во среда официјално ќе го номинира холандскиот премиер Марк Руте за свој шеф, дознава АФП од дипломатски извори.

Loading...

Амбасадорите на 32-те земји членки на НАТО треба да ја потврдат таа номинација за време на состанокот на Северноатлантскиот совет, изјавија повеќе дипломати во Брисел, пренесе Хина.

Патот за Руте беше отворен минатата недела по повлекувањето на кандидатурата на романскиот претседател Клаус Јоханис.

Замена за Столтенберг

Се очекува 57-годишниот Руте да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО на 1 октомври, кога ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг, именуван во 2014 година и чиј мандат беше обновен четири пати.

Руте ќе ја води Алијансата во свет полн со политичка несигурност од двете страни на Атлантикот и со Украина во војна.

Освен конфликтот во Украина, тој би можел да се соочи и со новото претседателство на Доналд Трамп доколку американскиот милијардер, кој е многу критичен за улогата на НАТО, се врати во Белата куќа по американските избори во ноември.