НАТО денеска одлучува за поддршка на Украина

Сподели со своите пријатели

Министрите за одбрана на НАТО повторно се состануваат во Брисел за да разговараат за тоа како западните сојузници можат да ја поддржат Украина во нејзиниот конфликт со Русија.

Loading...

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека очекува денешната агенда во главниот град на Белгија да биде обемна, а се очекува и дискусија за тенкови, пренесе Би-би-си.

Денешната дискусија за поддршката за Украина доаѓа во време кога руското воено производство е речиси сигурно под нивото што го бара војната, што станува критична слабост.

Министерството за одбрана соопшти дека високите руски лидери веројатно се свесни за овој факт и додаде дека во неколку наврати рускиот претседател Владимир Путин јавно ја повикал одбранбената индустрија подобро да ја поддржи војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради руската закана, пет земји се враќаат на едно од најопасните оружја во светот

Се очекува интензивно да се разговара за набавка на тенкови за Украина, по синоќешниот твит на украинскиот министер за одбрана.

Норвешка вчера прецизираше дека ќе испорача осум тенкови Леопард 2 од германско производство.

Германија минатиот месец потврди дека ќе испрати 14 тенкови Леопард 2 по неколкунеделен притисок од нејзините сојузници во НАТО.

Велика Британија претходно објави дека ќе испрати 14 британски тенкови Челинџер 2.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.