Наставниците во Англија ја отфрлија понудата на владата за прекин на штрајкот

Сподели со своите пријатели

Наставниците во Англија со големо мнозинство ја отфрлија понудата на британската влада за паушална исплата за прекин на штрајковите, соопшти денеска синдикатот, најавувајќи дополнителен дводневен штрајк на 27 април и 2 мај.

Најголемиот британски синдикат на наставници, Националниот синдикат за образование, рече дека 98 отсто од наставниците во Англија кои гласале го следеле советот на синдикатот да ја отфрлат понудата за еднократна исплата од 1.137 евра оваа година и просечно зголемување на платата за 4,5 отсто во следната година.

Министерката за образование Џилијан Киган несомнено ќе мора да се врати на преговарачката маса со многу подобар предлог, велат од синдикатот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку пет лица загинаа во тајфун во Виетнам, бројот на жртви на Филипините е близу 200

Синдикатот вели дека понудата покажува зачудувачки недостаток на разбирање за страшната ситуација во образовниот систем, објави Ројтерс.

Десетици илјади наставници ширум Британија штрајкуваат оваа година за да бараат зголемување на платите во согласност со двоцифрената инфлација.

Владата тврди дека повисоките зголемувања на платите само ќе доведат до уште поголема стапка на инфлација.

Наставниците во Велс го прекинаа својот штрајк откако гласаа за прифаќање на понудите за плата, кои вклучуваат дополнителни три отсто бонус за плата за 2022/23. со еднократна исплата од 1,5 отсто и зголемување од пет отсто за наредната година.

Најголемиот синдикат во Шкотска, исто така, го прифати договорот за раскинување, откако прифати зголемување на платите од 14,6 отсто за повеќето наставници до јануари 2024 година, пишува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина го пушти во употреба својот трет носач на авиони

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.