Нагласувајќи дека држвата се соочува со социо-економска, но и енергетска криза, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска рече дека Македонија е една до ретките земји во светот каде платите во воспитно-образовната дејност се многу под платите на полицијата.
Според него, тоа е недозволиво.
– Не сакам да кажам дека платите на полициските службеници се големи, тие ги заслужуваат тие плати, но во секое демократско општество кое има амбиции да се развива првенствено платата на тие кои се во сегментот на образованието треба да биде над нивото на просечните плати и дополнителните плати во секторот на безбедноста, бидејќи сепак тоа се луѓето кои ги создаваат идните генерации, изјави градоначалникот Димитриевски.
Никола Ивановски / Стефан Младеновски