Наставници од ООУ ”Кочо Рацин” до СВР: Распоредете си полицајци кај Центарот за лекување на зависности

Сподели со своите пријатели

Вработените наставници во ООУ ”Кочо Рацин” денес на социјалната мрежа Фејсбук побараа и упатија апел до СВР Куманово за дислокација на Центарот за лечење на зависници од дрога во населбата Гоце Делчев односно распоредување на полиција, откако утринава група учителки посведочиле несекојдневен чин од страна на зависниците кои се лекуваат во центарот со примање на метадон.

Loading...

12312304_10205503316318631_1918995505_n

Имено, вработена учителка Ирена Анастасовска во коментар на својот Фејсбук профил, вели дека местото на таков центар не е до училиште каде секојдневно врват деца кои сами одат и се враќаат на училиште секој ден.

Еден јавен апел или мала „критика“ до СВР КУманово.

Да има вработени лица во дел на населбата „Гоце Делчев“ каде се наоѓа училиште кое е блиску до Центарот за зависници, а за кој со години чекаме да се дислоцира од истата област. НЕ и е место на ТАА ЛОКАЦИЈА близу УЧИЛИШТЕ и ДЕЦА кои секојдневно сами одат и доаѓаат на училиште. Секој треба да биде совесен дека и неговото дете може да се најде во близина на ваквите девијантни лица. Денеска само што ја видов глетката е доволна да каже СЕ!! Можеби ќе се најде некој совесен кој ќе поведе малку повеќе грижа дека е потребен надзор од овластени лица во тој регион.

Capture

Во разговор со Анастасовска, дознаваме дека утринава, кај Центарот за лекување се нашле тројца зависници кои биле под видливо дејство на наркотици од кои едниот уринирал, додека двајцата други, тетеравејќи се, довикувале недолични зборови кон учениците кои под придружба на наставнички биле испратени подалеку од местото на настанот.

Анастасовска во својата изјава за Кумановски Муабети вели дека досега биле залудни сите спроведени иницијативи и апели за дислокација на центарот сместен спроти ООУ ”Кочо Рацин” и побара од СВР Куманово, во услови кога никој не се одзива на апелите, барем да распоредат службени лица кои ќе се грижат за безбедноста на децата од таа населба.

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.