Наставничка од ООУ „Вук Караџиќ“ со трета награда од фестивалот КРЕФ (фото)

Сподели со своите пријатели

Одделенскиот наставник во прво одделение при ООУ „Вук Караџиќ“, Јелена Мандиќ од Куманово влезе во финалето од вкупно над 30 едукативни видеа во категоријата ЕДУ филм „Сосема различни за иста цел” при што освои трето место на Меѓународниот КРЕФ фестивал на креативни едукативни филмови.

 

Loading...

 

Фестивалот се одржа кон крајот на месец септември во Центарот за култура во Лесковац, Србија и се одвиваше во неколку фази. Реализацијата на фестивалот е со проектот „Ноќ со Андерсен“, чешки проект од 2000 година, на кој подоцна се приклучила и Ребпулика Македонија.

– Преку својот едукативен филм прикажав дека математичките игри се одличен начин за вежбање на собирање и одземање. Преку креативни и творечки идеи со ресурси од секојдневието, флаши, капачиња, канчиња, гравчиња, стиропор, учениците низ игровни активности се поактивни, поангажирани и полесно ги решаваат математичките задачи. Со цел да се обезбеди креативна и забавна средина како стимулација за учење не ги вклучивме клупите, таблата и класичните столчиња за седење, и од класична средина на учење направивме креативна и опуштена односно учење на под. Се одлучив за повеќе покуси кадри кои доволно објаснуваат што се прави во моментот, но не се задржуваат долго за да станат здодевни за оној кој подоцна ќе го гледа филмот.

 

 

Ова е второ издание на фестивалот „КРЕФ” на кој се натпреваруваа училишта и градинки од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина одржан е во организација на учителско друштво Лесковац. Фестивалот е од меѓународен карактер, акредитиран од страна на Министерство за образование и наука на Србија и Министерсво за култура на Србија. Тоа значи дека сите учесници стекнуваат акредитирана меѓународна диплома која соодветно се вреднува. “КРЕФ” се наоѓа на европска листа на млади филмски фестивали. Нивните автори се Весела Богдановиќ од Македонија и Зоран Илиќ од Лесковац.

 

Loading...

 

Покрај награди и признанија на фестивалот имаше и гости професори, уметници и продуценти со нивни излагања за филм како педагошко средство во наставата и глумата во образованието.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.