Наставничка од ООУ „11-ти Октомври“ со прва награда од Втората Еду конференција на наставници и информатичари (фото)

Сподели со своите пријатели

Наставничката Славица Стојчевска од ООУ „11-ти Октомври“ од Куманово со најмногу освоени гласови го освои првото место на Втората Еду Конференција за наставници и  информатичари која се одржа од 1 до 3 април во Струга.  

Агендата изобилуваше со инспиративни   предавања кои пред учесниците  презентираа иновативни пристапи во наставата. Фокус беше ставен на осовременување и унапредување на секојдневна наставна пракса преку  користење на современа технологија и дигитални  содржини – изјави наставничката Стојчевска.

IMG_2449 (2)

Loading...

 

Пред присутните преку постерот насловен „Учиме преку квизови“ професорката Славица Стојчевска презентираше алатки за играње и креирање на онлајн квизови кои ги  применува на часовите по англиски јазик.

Апликацииите  им овозможуваат на учениците преку квизови кои наликуваат на игра многу лесно да ги совладуваат  наставните содржини. Учениците обожаваат да решаваат прашања во вид на квизови бидејќи го претвора оценувањето во забавни квизови, користат современа технологија и се натпреваруваат како дел од тим.   Сите индивидуално или во парови ги решават прашањата и се трудат нивниот тим да стигне побргу до целта – додава Стојчевска.

20160401_161127

 

Конференцијата привлече околу 500 учесници од кои најголемиот број наставници од Македонија, претставници од владини и невладини организиции од Србија, Бугарија, Албанија, Турција, Романија, Италија, Украина, Шпанија, Франција, како и сите заинтересирани за образованието.

12963618_926894567426618_2797879732145736357_n