Најемотивниот момент на доделување на Оскарите според многумина било зиведувањето на песната „Til It Happens to You“, која е направена за потребите на документарецот „The Hunting Ground“.
Гага пред настапот на социјалните мрежи напишала дека со неа ќе мисли на својата колешка Кеша која овие денови е во сите медиуми поради тужбата против продуцентот Др. Лука, кој наводно ја силувал.
На пејачката на сцена и се придружија 52 жртви на силување и заедно, држејќи се за раце ги добија овациите од публиката, а по настапот ретко кој остана рамнодушен.