Наследниците на диктаторите – живот исполнет со алкохол и насилство (фото)

Сподели со своите пријатели

Нико Чаушеску, син на романскиот комунистички диктатор Николај Чаушеску и неговата немилосрдна сопруга Елена, по својот татко бил најомразениот човек во Цела Романија.

Loading...

causesku

Алкохоличар, силувач и коцкар, кој обожавал да се вози пијан во своите скапи спортски автомобили при што сообраќајните несреќи кои ги предизвикувал не биле реткост. Освен што животот на романскиот народ го загрозувал со возењето тој бил и силувач кој на 14-годишна возраст ја силувал својата соученичка. Родителите од тогаш му објасниле дека тоа не е убаво и без преголема драма преминале преку приказната. Веќе на 16 години станал алкохоличар како и неговата година дена постара сестра Зое, која иако угледна матемаричарка, освен алкохолот имала проблеми и со нимфоманијата.

Амењриканецот Џеј Нордлингер во својата книга „Децата на чудовиштата“ за синот на романскиот владетел напишал:

Од тинејџерските денови Нико неконтролирало пиел и силувал. Силувал кога му се посакало, а негова волја била дива и незапирлива. Имал дозвола за апсолутно се. Тој бил тип на ичност кој можел да премине на црвено светло, попат да убие неколку луѓе и да остане неказнет. Бил толку злобен што денес делува како негативец од стрип.

Еднаш со пепеларник погодил келнер во главата и го убил, а неговите родители исценирале самоубиство на несреќниот човек и потајно се решиле од телото.

Таткото се надевал дек Нико ќе стане негов министер за надворешни работи, но мајка му само сакала тој да го наследи својот татко на местото претседател. Во Романија од тоа сите се плашеле. Откако народот на крајот го симнува од власт Николај Чаушеску во 1989 година и неговиот син завршува во затвор. Но, пуштен е по три години затоа што имал тежок облик на цироза на желудник.

Наскоро починал и на среќа на народот, кој тиранија трпел 24 години не продолжил таму каде што застанал неговиот син.

Ким можеби е мртов, но тој се уште живее

Loading...

kim

Ким Јонг Ил, син на „големиот водач“ Ким Ил Сунг, кој го вовел комунизмот во Северна Кореја и татко на сегашниот севернокорејски диактотр Ким Јон Ун, кога го преземал тронот бил опиен со апсолутна власт во неговите раце.

Севе се нарегол „драг владетел“ и ја унапредил кампањата за перење на мозокот кој ја започнал неговиот татко. Го изменил наставниот план и програма во училиштата како неговиот татко би се славел како божество вклучувајќи и неверојатна приказна дека ниту еден од нив никогаш не врши нужда.

Неговото владеење наречено е како најрепресивно затоа што населението во земјата буквално било како во затвор. Во секој момент барем неколку стотици илјади луѓе биле затворени во логори за реедукација.

Населението главно е потхрането, а само за пример седумгодишно дете од Јужна Кореја има 20 сантиметри и девет килограми повеќе од врсниците од северниот дел.

Откако почина во 2011 година на чело на тоталитарната држава застана неговиот син Ким Јон Ун кој себе се нарекува „врховен владетел“. Првиот чекор кој го направи овој дипломиран физичар беше да ги елиминира воените службеници кои биле лојални на неговиот татко и задржување на правецот во кој претходно беа тргнале татко му и дедо му.

Бруталниот наследник Удај Хусеин

husein

Loading...

Озогласениот Удај Хусеин, најстариот син ан Садам Хусеин, поранешниот ирачки диктатор, роден во 1964 година, целиот живот уживал во живот на висока нога. Возел брзи и скапоцени автомобили, живеел во луксузни вили и сите млади и убави жени кои ги видел морале да му бидат на располагање.

Од неговата насилна природа не била поштедена ниту најблиските соработници и роднини. Во текот на своите два краткотрајни бракови ги тепал своите жени, а едниот ујко го пукал во нога. Убивал и за несогласувања со најпосветениот телохранител на неговиот татко.

По падот во Багдад во енговата вила бил пронајдена приватна зоолошка градина, дрога и алкохол во вредност од милион долари, а ѕидовит ебиле прекриени со фотографии од лепотици симнати од интернет.

Познато е исто така дека Удај во 1996 година преживеал атентат, но поради тоа што еден куршум му останал заглавен во кичмата, последиците биле трајни па до крајот на животот во 2003 година тешко се движел.

Синот на Гадафи е заклан

gadafi

Четвртиот син на покојниот либиски диктатот Муамер Хадафи, Мутасим Гадафи е убиен во 2011 година во 37-та година од животот за време на либиската револуција, неколку дена по убиството на неговиот татко.

Татко му е убеин со куршум во глава, а тој е заклан (официјално починал поради рана на вратот).

Loading...

Уште од мали нозе од татко му имал одобрение да преговата во негово име, а откако бил доволно возрасен станал и главен меѓународен либиски дипломат и советник за национална безбедност.

Хилари Клинтон и Џон МекКеј го опишале како пристоен човек кој бил сериозен во своите намери да го подобри квалитето на животот на либискиот народ иако не биле поборниците на неговата политика.

Иако на прв поглед делувал елегантно и префинето за Мутасим се зборувало дека е човек кој имал чудни потреби од силување и мачење.

Еда, миленицата на тато Мусолини

musolini

Еда Мусолини, која секогаш силно го негирала активното учество во фашистичкиот режим на својот татко, починала во 1995 година во Рим на 85-годишна возраст.

Loading...

Првородената ќерка на Бент Мусолини секогаш со својот татко имала посебен однос. Таа била негоавта миленичка и тој ја обожавал.

Дури прифатила да се омажи за човекот кој го избрал нејзиниот татко, за грофот Галецо Џиан. Кога се омажила, Мусолини ги пратил во својот автомобил на меден месец. Во последниот момент автомобилот бил запрен од Еда и барала да се врати назад кај својот татко. Секако дека ја послушал, но со очи полни солзи.

Но, кога нејзиниот сопруг гласал за смената на Мусолини во 1943 година, власта на Мусолини го осудила на смрт. Но, бидејќи Еда во меѓувреме се вљубила и силно го засакала својот сопруг го замолила својот татко да го поштеди. Откако тој не сакал да ја исполни нејзината желба таа се заканила дека никогаш нема да му прозбори и му напишала „Повеќе не си ми татко. Се одрекувам од името Мусолини.“

Бесна поради смртта на сопругот пребегнала во Швајцарија и започнала да спие со комунистички лидери, а најпозната е нејзината љубовна врска со леонид Богиорно – комунистички водач од островот Липарија.

Сталин го оставил синот да скапува во германски логор

Loading...

stalin

Јаков Џугашвил Сталин, најстариот син на големито советски диктатор, имал интересен живот. Роден е во 1907 година, како единствено дете на Сталин и неговата прва сопруга Грузијката Екатерија, која починала осум месеци откако го родила својот син.

Малиот Јаков пораснал кај свопите роднини во Грузија затоа што Стаил во тоа предреволуционерно време бил по затвори.

Јаков и Сталин никогаш не се сложувале. Посебно голем конфликт предизвикало женењето на синот со танчерката Еврејка Јулија Мелтзер. Сталин како голем антисемит не сакал да има Евреи во своето семејство.

Јаков инаку дипломирал електротехника и се женел три пати. Третата жена ја запознал откако во кафуле се степал со нејзиниот маж.

Loading...

Во втората светска војна бил во пешадија, а Германците го заробиле во 1941 година, па така две години поминал во концентриран логор.

Кога војската на Хитлер ја изгубила битката кај Сталинград, Црвената армија зарибила германски фелдмаршал Фридрих Паулус и Германците го сакале назад во замена за синот на Сталин, но тој ја одбил оваа размена, не сакајќи да го замени фелдмаршалот за својот син, затоа што го сметал за обчине војник и не сакал да има посебен третман.

Постојат повеќе верзии за неговата смрт. Едната е дека Јаков слушајќи дека неговиот татко не сака да размена за неговата слобода од логорот северно од Берлин им рекол на германските војници да пукаат во него што тие и навистина направиле. Но, некои велат дека намерно се фрлил на електрична ограда и така си го одзел животот.

Подоцна архивските поадтоци упатуваат на тоа дека го убил стражар откако тој одбил да изврши наредба. Во секој случај Сталин кога слушнал дека неговиот син скокнал на оградата, сметал дека тоа е херојски чин и се гордеел со него.

Французинот Жон-Марие бил син на Хитлер?

hitler

Loading...

Парискиот адвокат Жон-Марие Лорет, кој преминал во 1985 година се верувало дека е син на Адолф Хитлер, иако никогаш не го запознал својот татко. Мајка му пред смртта му раскажала дека е плод на кратка врска која таа ја имала со Хитлер во текот на Првата светска војна.

Неговата мајка, Хитлер го запознала во 1917 година кога имала 16 години. Синот го родила следната година.

Го дала на посвојување, но целиот живот останала во контакт со своето дете. Идентитетот на таткото го криела до последната седмица од својот живот.

Тој во 1981 година ја напишал книгата „Името на твојот татко е Хитлер“.