Наскоро започнува судењето за убиството на Алмир

Сподели со своите пријатели

Истрагата за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово се очекува да заврши оваа недела. Последните двајца сведоци ќе ги дадат своите искази на 7 и 10 октомври, по што се очекува да започне и судскиот процес за овој случај, објави Алсат-М

Адвокатот на семејството Алиу, Асмир Алиспахиќ објасни дека досега за ова убиство, обвинителот има сведоштва само од роднините на убиеното дете и од главниот обвинет за убиството Бобан Илиќ.

Одбраната ќе бара максимална казна за главно обвинетиот Бобан Илиќ, кој е осомничен дека го прегазил Алмир Алиу после една банална расправија во Кумановкста болница меѓу неговиот татко и главниот осомничен за убиството.