Наскоро тендер за нов Ургентен центар, започнато урбанистичко планирање за нова ТИРЗ зона во Куманово

Сподели со своите пријатели

Наскоро се очекува да биде распишан тендер за изградба на нов Ургентен центар во Куманово, рече министерот за здравство Никола Тодоров на вчерашната седница во Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Зоран Георгиевски од Куманово.

Очекуваме многу скоро да одиме со тендер за изградба на нов Ургентен центар во Куманово. Излезе повеќе од тоа што првично планиравме, но идејата е во Куманово да бидат обединети и интернистичките и хируршките ургентни амбуланти. Таму да биде трансфериран и апаратот за компјутерска томографија. Оваа, како што кажа, крупна инвестиција ќе чини некаде околу четириесет милиони денари. Тоа значи повеќе од она што првично планиравме да инвестираме за да се овозможат што е можно подобри услови за функционирање на овој ургентен центар – рече Тодоров.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски одговарајќи на прашање на пратеникот Георгиевски, во врска со намалување на невработеноста во Куманово и изградба на ТИРЗ, информираше дека веќе е почнато урбанистичко планирање за нова ТИРЗ зона во Куманово, која се очекува да биде готова следната година.

Веќе е направено снимање. Започна процедурата, ажурираната подлога веќе е при крај. Катастар тоа веќе го работи. Помина заклучок на Влада, влезе во годишната програма за изработка на планови. Очекувам следната година да имаме комплетно целосно урбанизирана зона каде што ќе може да доаѓаат инвеститори во иднина, рече Мисајловски.

Во втората фаза која следи треба да се потпише протоколот за Агенција за просторно планирање да го изработи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.