Наскоро нов паркинг простор во центарот на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

До крајот на неделава ќе биде пуштен во употреба новиот паркинг простор во центарот на Куманово, познат како „Берза”.

Loading...

На оваа локација екипите на јавното претпријатие „Куманово-Паркинг” веќе ги завршија подготвителните работи на терен.

– Предвидени се вкупно 71 паркинг место од кои две за инвалидизирани лица, за нив е бесплатно, а останатите 69 наскоро ќе можат да ги користат граѓаните. Цената е иста како и за целокупната зона „А”-изјави директорот на кумановски паркинг, Фадиљ Шабани.

Досега граѓаните се жалеа дека на овој простор никогаш и нема слободно паркинг места, иако оваа локација се наоѓа во  близина на општината, судот, поштата, СВР Куманово и неколку државни установи и институции.

Надлежните од „Куманово-Паркинг” најавија дека при крај е изработката на проектната документација потребна за реализација на зоната „Б” кај спортската сала, кај градскиот стадион и кај противпожарната единица.

Leave a Reply