Наскоро ласерски ќе може да се менува бојата на очите

Сподели со своите пријатели

Ако посакувате очите да ви бидат во поинаква боја, повеќе не мора да носите леќи. Можете со едноставен ласерски третман трајно да ја промените бојата на вашите очи.

– Под секое браон око се наоѓа сино. Единствена разлика е во тоа што браон окото има тенок слој бигмент кој го прекрива синото, вели др. Грег Хомер, кој се наоѓа на чело на управниот добор на „Стром медикал“.

Кога го виделе стомакот на оваа Русинка, лекарите останале во ШОК и веднаш побарале операција (фото+видео)

Loading...

Техниката која моментално клинички се испитува не е инвазивна. Хомер вели дека потикнува природен процес во окото во кое телото користи клетки „лешинари“ кои го отстрануваат пигментот од површината на ирисот.

– Ние применуваме компјутерски наведуван ласер со ниска енергија кој го уништува браон пигментот. Се работи за специфична фрекфенција која минува низ проѕирната мрежница, а потоа селективно се пасорбира од темните пигменти кои го прикриваат ирисот, вели Хомер.

Кога ќе видите како изгледа операцијата на носот никогаш нема да ја посакате (видео)

Процедурата трае 30 секунди, а по две недели, пациентот добива сини очи.

Хомер објаснува дека испитувањето ќе опфати вкупно 100 пациенти во текот на една година.

Лекари лечат рак на црн дроб без операција за 20 минути

– Се обидовме да предупредиме на секој можен ризик при дизајнирање на уредот и бевме сигурни дека процедурата ќе биде безбедна, пред да го третираме првиот пациент. Досега успешно одстранивме пигмент од површината на ирисот и ниту еден од нашите пациенти на истражувањата не трпеше болки, повреда или непријатност, вели тој.

Ако процедурата биде одобрена ќе чини околу 5.000 долари.

Имала 6.000 израстоци по телото: По 10 операции денес изгледа вака (видео)

Др. Ајван Р. Шваб, претставник на Американската академија за офалмологија, вели дека процедурата може да носи висока цена во смисол на ризикот врз здравјето, а дека во случајот на овој зафат, најголема закана е глауком.

– Може ефектите нема да се гледаат веднаш, но проблеми може да се јават и за 10 години, вели тој.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.