Телескопот кој НАСА го лансираше пред неколку месеци неодамна се најде помешу Земјата и Месечината и започна да скенира 85 отсто од ноќното небо, барајќи мали камени планети слични на Земјата.
Како НАСА пред половина век го запалила доказот за живот на Марс?
НАСА, телескопот го лансираше на 18 април годинава и тоа со помош на ракета на Сјепс екс, а со него требало да бидат откриено околу 50 планети слични на Земјата. Дури пред неколку дена телескопот се најде помеѓу Земјата и месечината и започна да скенира 85 отсто од ноќното небо.
Овој телескопт во наредните две години ќе набљудува околу 200.000 ѕвезди и потенцијално ќе открие илјадници нови планети кои се одалечени 200 светлосни години од Земјата.
Имено, на 25 јули TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite) конечно влезе во единствената орбита помеѓу Земјата и Месечината, кога започна да „гледа“ одалечени соларни системи и да „лови“ мали, камени планети.
– Знаете дека има повеќе планети од ѕвезди во нашиот универзум? Се радувам на чудните, фанстастични светови кои ќе ги откриеме, рекол Пол Херц, директор за астрофизика на НАСА, во сооштението.
Истражувањето може да доведе и до првиот поглед на атмосферата на мали, камени вонземски светови и можеби, но само можеби – први индиректни докази дека вонземскиот живот би можел да постои надвор од нашиот сончев систем.
АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!