Како НАСА пред половина век го запалила доказот за живот на Марс?

Сподели со своите пријатели

Откако роверот „Кјуриосити“ ја започна својата мисија на Марс, дознавме многу за црвената планета, вклучувајќи и дека таа е дом на комплексни органски молекули. Она што е посебно во врска со присуството на овие соединенија на база на јаглерод е дека се сметаат за предуслов за живот.

Но, „Кјуриосити“ кој слетал на Марс во 2013. година не е прв уред кој открил органска материја на четвртата планета од Сонцето. За време на мисијата „Викинг“ во седумдесетите години наведено е дека не е пронајден таков доказ, меѓутоа „Њу саентист“ пишува дека НАСА можеби случајно ги запалила трагите од органските молекули од Марс.

 

Loading...

 

Тим научници на американската вселенска агенција, на чело со Кристофер Мекеј, сега верува дека според истражувачите, најмалку една единица „Викинг“ која слетала детектирала органска материја, но машината која управувала со неа на далечина го запалила драгоценото откритие во текот на анализата на поадтоците.

Оваа хипотеза е применлива поради присуство на супстанцата која научниците ја откриле на Марс пред 10 години – лендерот „Феникс“ во 2008. година на црвената планета открил токсично, слано соединение наречено перхлорат. на Земјата е исклучително запалив, па меѓу другото се користи и во пиротехниката. На Марс е ладно па е малку веројатно дека ќе се запали.

 

 

Меѓутоа лендерот „Викинг“ ги загревал примероците од тлото на Марс на 500 степени. Со перхлорат меѓу состојките, чувствителните органиски молекули веројатно се уништени веднаш по загревањето, наведува Бизнис инсајдер.

Анализирајќи ги новите податоци од „Кјуриосити“, Мекеј и неговиот тим сметаат дека сега веројатно се одиграло исто сценарио како со „Феникс“.

„Кјуриосити“ во 2013. година детектираше не само органски супстанци туку и молекули на хлоробензен, кои се произведуваат кога јаглеродот реагира со перхлорат.

Leave a Reply