НАСА потрврди : Карпи во кратерот „Езеро“ на Марс од вулканско потекло

Сподели со своите пријатели

Научниците исто така заклучиле дека карпите во кратерот многупати комуницирале со водата, а некои од нив содржеле органски молекули.

Loading...

Благодарение на истражувачкиот ровер „Истрајност“, кој на Марс го испрати Американската Национална агенција за аеронаутика и вселена (НАСА), беше утврдено дека карпите во кратерот „Езеро“ се од вулканско потекло.

Во соопштението на НАСА се наведува дека благодарение на „Истрајност“ се добиени информации за тоа како настанале најстарите карпи во кратерот „Езеро“ на Марс.

Заклучувајќи дека карпите во кратерот „Езеро“ се од вулканско потекло, научниците навеле дека ова откритие ќе даде нови информации за историјата на Сончевиот систем, пренесува Анадолија.

 

 

Научниците исто така заклучиле дека карпите во кратерот многупати комуницирале со водата, а некои од нив содржеле органски молекули.

Loading...

Овие откритија ги побиваат претходните теории за формирањето на кратерот „Езеро“, бидејќи научниците не биле сигурни за каква почва се работи.

Се сметало дека тоа е типичното дно на древното Марсско езеро, покриено со седиментни карпи, а само како можност се спомнувало вулканско потекло.

 

 

Роверот „Истрајност“ слета на Марс на 18 февруари, околу седум месеци по лансирањето.

Во соопштението на Националната агенција за аеронаутика и вселена (НАСА) се наведува дека благодарение на самоуправувачкиот ровер „Истрајност“ дошле до сознанија за тоа како настанале најстарите карпи во кратерот Езеро на Марс.