НАСА на Марс сака да испрати кучиња роботи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Доколку се остварат плановите на американската вселенска агенција НАСА, кучиња роботи наскоро ќе „шетаат“ по површината на Марс.

Loading...

Научниците од НАСА и ЈПЛ Калтех развиваат роботски кучиња Mars dogs кои треба да се движат самостојно низ суровиот терен на Марс и неговите подземни пештери.

Тим научници го претставија својот план на 14 декември.

Роботските кучиња би функционирале на ист начин како роверите Спирит, Опортунити, Кјуриоситии Персервенс, но тие би можеле да сторат многу повеќе.

Роботите со четири нозе би биле многу поагилни и опремени со повеќе сензори кои би собирале информации за препреките и ќе им овозможиле да ги изберат најдобрите патеки. Ова ќе создаде виртуелни мапи на подземни тунели и пештери на Црвената планета.

Роботски кучиња би можеле да станат сами ако „паднат“ или се превртат на тежок терен на Марс, а сегашните ровери ја немаат таа можност.

Во однос на изгледот, тој всушност ќе биде модифициран робот Spot, произведен од Boston Dynamics. Ќе се вика Au-Spot и ќе содржи поврзани сензори и специфичен софтвер за безбедно движење низ површината на Марс.

Кучето робот во моментов е во фаза на тестирање, а фокусот е насочен кон надминување на пречките.

Loading...

Роботот „учи“ како да поминува низ тунели, да се качува по скалите и да се движи на локации слични на површината на Марс и тунелите под него.

Кога Ау-Спот ќе биде испратен на Марс сè уште не е познато. НАСА размислува за овој проект од 2018 година и тој сон може да стане реалност.

Спот моментално извршува неколку функции на Земјата, а една од нив служи пиво во Шпанија.

 

Leave a Reply