НАСА денеска лансира ровер на Марс

Сподели со своите пријатели

НАСА денеска на Марс ќе лансира нова генерација „Perseverance“ ровер, кој ќе истражува траги од потенцијален поранешен живот на таа планета.

Loading...

Лансирањето е закажано за 7:50 часот по локално време од Кејп Канаверла, Флорида, а роверот се очекува да пристигне на Марс во февруари следната година.

Мисијата чини 2,4 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Роверот треба да слета во во базата на 250 метри длабокиот кратер „Езеро“, именуван по општина во Република Српска, која била езеро пред 3,5 милијарди години и за која научниците веруваат дека може да содржат докази за потенцијален поранешен микробиолошки живот на Марс.

Роверот со големина на автомобил, со шест тркала, ќе биде лансиран од ракетата „Атлас 5“ на компанијата „United Launch Alliance“, а треба да достави мини хеликоптер до Марс и да ја тестира опремата за идните човечки мисии на оваа планета.

„Ова е деветти пат да слетуваме на Марс, така што имаме искуство“, изјави за Ројтерс претставникот на НАСА, Џим Бриденштајн.

Еден од најкомплексните маневри на патеката на роверот ќе биде она што инженерите за мисија ги нарекуваат „седум минути терор“, кога роботот се соочува со екстремна топлина и брзина додека се спушта низ атмосферата на Марс, поставувајќи збир на суперсонични падобрани и потоа палејќи мали ракетни мотори за нежно да слета на површината на планетата.

Leave a Reply