НАРЕДЕНА ЕВАКУАЦИЈА: Доријан се заканува на источниот брег на САД

Сподели со своите пријатели

Ураганот „Доријан“ се движи по источниот брег на САД. Тој ја помина Флорида и се упатува кон Северна Каролина. Откажани се сите летови од меѓународниот аеродром Џексонвил. Наредена е евакуација на околу еден милион луѓе, пренесува Гардијан.

Loading...

Сите летови од меѓународниот аеродром Џексонвил беа откажани во средата попладне, кога ураганот Доријан се приближи кон Соединетите држави, пренесува Си-Ен-Ен.

„Летовите се очекува да продолжат во четврток, доколку дозволат временските услови“, рече портпаролката Деби Џонс за Си-Ен-Ен.

Американските власти предупредуваат дека Доријан е многу опасен ураган и апелираат околу еден милион луѓе кои живеат на овој потег од Флорида кон Северна Каролина да се евакуираат.

Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, нареди задолжителна евакуација на 830.000 жители, пренесува Гардијан.

Мекмастер ги предупреди жителите во зоните на евакуација да ги напуштат погодените области што е можно поскоро.

– Не можеме да спасиме сè, но верувам дека можеме да им помогнеме на сите да преживеат. Кога брзините на ветерот достигнуваат 65 км на час, ние веќе не можеме да ве достигнеме и да ви помогнеме. Затоа, напуштете ги загрозените области што е можно поскоро “, рече Мекмастер.

Дориан се очекува да ја погоди Северна Каролина во четврток и петок.

Loading...

Претходно, како бура од најсилната категорија, таа целосно ги уништи Бахамите и уби седум лица. Поплавени се цели населби, уништени повеќе од 13.000 куќи, огромна штета на патиштата и електричната мрежа.

Leave a Reply