Нарачала фустан за мајка си преку интернет, а она што пристигнало ги шокирало (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нарачувањето облека преку Интернет е секогаш ризично бидејќи има големи шанси да не ви одговара или да не изгледа како што сте мислеле. Така Лилс Курт сподели видео на Тик Ток во кое покажа прекрасен фустан кој мајка и го нарача за нејзината свадба, а после тоа покажа што добила во пакетот, пренесува The Sun.

Loading...

Имено, нејзиниот фустан од фотографијата е со V-деколте, ракави „лилјак“ и е проткаен со сребрени конци, а она што и дојде е нешто сосема друго. Така, многумина го споредија фустанот што доаѓа со болничка наметка или завеса за туширање.

Никогаш нема да го заборавиме ова“, напиша Лилс во описот на видеото. Од тогаш видеото собра повеќе од 445.000 прегледи, а корисниците на ТикТок не можеа да одолеат да коментираат.

– Изгледа дека побегнала од болница.

Ова е страшно – напишал еден корисник.

– Не ми се верува дека ти го испратија ова, што им е?! се чудеше другиот.

И додека повеќето ја изразија својата поддршка во коментарите, многумина признаа дека тоа искрено ги насмеа.

„Извинете, но ова е најсмешното нешто што сум го видел во последно време“, додал трет корисник. Лилс и нејзината мајка подоцна во коментарите признаа дека целата ситуација навистина ги насмеала и нив.

Loading...

 

@lillybeeeeeec Will never get over this 😂 #whatigot #whatiordered #whatiorderedversuswhatigot #fyp ♬ original sound – Kneely_Knight