Контејнер наполнет со подова вода е можно решение за голем проблем – исоката стапка на смортност кај предвремено родените деца.
Во оваа вештачка матка предвремено родените бебиња можат да продолжат да растат и да се развиваат на ист начин како во вистинската.
Само во Холандија годишно 12.000 деца се раѓаат предвреме. За бебињата родени во 24 недела шансите да преживеат се само 50 отсто, а оние кои ќе преживаат најчесто остануваат со оштетување на мозокот и доживотни проблеми со белите дробови.
– Предвремено родените бебиња се ставаат во инкубарот, каде кислород добиваат низ воздухот. Иако за тоа се уште не се доволно развиени, малите бели дробови на бебињата мора да земаат кислород од воздухот. Воздухот, всушност ги уништува малите бели дробови. Решението на овој проблем е вештачката матка, односно био-кеса, како уште се нарекува. Таа симулира природни услови со полодова вода. Децата остануваат во водата, а храна и воздух добиваат низ папочна врвка, вели Гвид Уи, гинеколог на холандскиот Медицински центар Максима.
Ако се прашувате од каде плодова вода, Уи, вели дека може да се направи во лабораторија.
На американски научници уште во 2017 година им тргна од рака фетус на јагне да развијат во една таква вештачка матка.
Сепак, пред првите тестови на човечки бебиња неопходни се уште многу истражувања.
Научниците на Техничкиот универзитет во Ајндховен на тој пат направиле многу значителен чекор, развиваат алатернатива за тестирање на вештачка матка на животни, кукла симулација на бебе заснована на магнетна резонанца на дете.
– Со помош на оваа кукла во вештачката матка го следиме крвотокот, крвниот притисок и останатите параметри важни за правилен развој на бебе во матката, објаснува истражувачот Марк Тилен.
– Предизвиците со кои се среќаваат научниците во развојот на вештачката матка не се само технички и медицински, туку и од етичка природа. Најголем предизвик, секако, ефектите врз дететот кое кои ќе се развие во вештачката матка, физички, психички, социјални. Одговор на тоа прашање можеме да побараме во минатото. Голема загриженост која владееше околку вонтелесното оплодување и можните ефекти врз детето, не се покажаа како оправдани. Стравот дека децата повеќе нама да се раѓаат по природен пат, туку дека улогата на мајчината матка од моментот на зачнувањето ќе ја презеде вештачката, се неоправдани, објаснува професорката по филозовија и етика Лили Френк.
Според Френк, тоа всушност би било добро за жените. Би ги намалило физичките и емотивните ризици кои бременост аи породувањето ги носат со себе. Тие ризици ги носат само жените, иако родителството е желба и на мажите и на жените, поднеднакво.
Сепак, според гинекологот Уи, тааможност се уште е далечна иднина затоа што, како што вели, развојот на човечкиот ветус во вештачка матка, од оплодување до раѓање, навистина спаѓа под научна фантастика и со тоа се немаат занимавано.