Направете пијалак за подолга младост и добро здравје – едноставен рецепт!

Сподели со своите пријатели

Одличната комбинација на здрава и лековита храна во овој пијалок ќе ви донесе енергија, хранливи состојки, освежување, детоксикација, но и младост и долговечност.

Loading...

Рецепт за руски еликсир на долговечност и добро здравје:

Состојки:

20 гр корен од ѓумбир

300мл вода

маточина

свежи листови од нане

1/2 лимон

Loading...

1 лажичка мед

 

 

Излупете ѓумбир и исечете го на тенки ленти, па ставете го во вода и варете го околу 15 минути. Во топлиот напиток додадете малку маточина, нане, лимон и мед. Оставете да се олади, а потоа испијте го пијалокот.

Препорачливо е да го пиете наутро, а тоа ќе ви даде повеќе енергија отколку црното кафе. Главната состојка на овој пијалок е ѓумбир, кој има силни антиоксиданти, го зајакнува имунитетот и благотворно делува на дигестивниот систем. Овој супер корен го користеле Кинезите и Индијците со векови во служба на здравјето, а неодамнешните истражувања покажуваат дека ова растение има големи придобивки за нега на кожата и ефект против стареење.

Лимонот, кој исто така е дел од овој пијалок, е богат со витамин Ц, кој е неопходен за здрава, затегната и негувана кожа и добро влијае на имунитетот. Маточината е дел од овој пијалок за да ве смири, нането освежува и носи енергија, а медот има антиинфламаторно и антибактериско дејство.

 

Loading...


Leave a Reply