Направете го оваа за по чист изглед: Како да ги отстраните вињетите од шофершајбната

Сподели со своите пријатели

Поради тешкиот лепак, отстранувањето на вињета може да биде вистинска мака.

Loading...

Секој што патува надвор од границите, честопати наидува на вињети за возење по автопат. Обично се купуваат за недела или две, и ако не ги тргнете веднаш по истекот, може да имате поголеми проблеми. Времето го прави своето, а силниот лепак не остава многу простор за отстранување со нокти и слични алатки.

Старите вињети на шофершајбните создаваат проблеми дури и кога се отстрануваат. Дамките од маснотии од лепак тешко се отстрануваат, освен ако немате соодветни хемикалии со вас. Имено, највообичаеното средство за чистење прозорци може да помогне. Испрскајте ја вињетата, почекајте малку и потоа отстранете ја внимателно со брич, советува ХАК. Алкохол, исто така, може да се користи за чистење.

 

 

Во зима, можете да ја загреете вињетата со фен за коса и исто така е лесно да се отстрани, а има и универзален спреј WD-40 кој секогаш помага во вакви ситуации. Во секој случај, откако ќе ја отстраните вињетата, измијте го стаклото за да ја отстраните преостанатата мрснотија.

 

Loading...