17.04.2019 00:43

Направен изум кој произведува струја од снег


Истражувачите од Универзитетот Калифорнија направиле направа која прави струја од снег. Прв од овој вид, апаратот е евтин, мал, тенок и флексибилен како пластика.

– Направата може да работи во одалечени подрачја затоа што обезбедува сопствено напојување и не ви требаат батерии. Ова е многу паметна направа, метеоролошката станица ви говори колку снег има, насоките на врнежите и брзината на ветерот, истакнал истражувачот Ричард Кенер.

loading...

Научниците го нарекле „снежен трибоелектричен наногенератор“, илии снежен ТЕНГ. Трибоелектричниот наногенератор, кој генерира напон преку статистички електрицитет, произведува енергија со размена на електрони.

– Статичкиот електрицитет се јавува при интеракција на еден материјал кој ги фаќа електроните и друг кој ги ослободува. Раздвојте го напонот и создавате струја суштински од ништо, објаснува Кенер, кој воедно е професор по хемија и член на калифорнискиот Институт за наносистеми на Универзитетот.

Снегот позитивно е набиен и ослободува електрони, додека силиконот е негативно набиен. Кога снегот ќе дојде во допир со силиконската површина, се произведува напон кој направата го фаќа, создавајќи струја.

Околу 30 отсто од површината на Земјата се прекирени со снег секоја зима, а во тој период соларните плочи не функционираат најдобро. Новиот изум би можел да се интегрира во соларните плочи и да обезбеди постојана залиха на струјата кога паќа снегот.

Исто така може да се користи за надгледување на зимските спортови поради унапредување на перформансите на спортистите, а има потенцијал и за идентификување на главните шеми на движење во крос-кантри скијање кое не може да се детектира со паметен часовник.

Направата може да испраќа и сигнали кои кажуваат дали лицето се движи и дали тоа чекори, трча, скока или маршира. Направен е со помош на 3Д печатач и има слој силикони и електрода за фаќање на набојот.

loading...

Новиот апарат би можел исто така да доведе до нови генерации самонапојувачки направи за спортситите, пренсува Phys.org.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments