Нападната болница во Газа, загинаа над 500 луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимки од беспилотни летала за кои тврдат дека докажува дека експлозијата во баптистичката болница Ал Ахли во Појасот Газа не била предизвикана од смртоносно оружје на израелската армија.

Loading...

Како што истакнуваат од ИДФ, ваквата експлозија би оставила кратер, а не запален паркинг и шрапнели од делови од покривите.

 

 

Ноќта меѓу 16 и 17 октомври беше бомбардирана арапската болница Ал Ахли во центарот на Газа, а како што јавија палестинските медиуми и официјални лица загинаа стотици луѓе.

Тие за нападот ги обвинија Израелските одбранбени сили (ИД), кои подоцна на социјалната мрежа Х напишаа дека, според нивните информации, болницата била погодена од неуспешно лансирана ракета од Газа.

Претходно, израелската армија тврдеше дека групата Исламски џихад стои зад нападот на болницата во кој загинаа неколку стотици луѓе.

Loading...

По овој напад, либанскиот Хезболах повика на „ден на гневот“. Исто така, протести се одржаа во повеќе земји.