29.07.2015 16:48

Нападнат таксист во Куманово – насилникот употребил тупаници и камење


СВР Куманово во текот на вчершниот ден до Основното Јавно Обвинителство го спроведе лицето Д.Ј (35) од Куманово, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ”Насилство”.

Имено, лицето Д.Ј, на 28 јули околу шест часот наутро, во момент кога оштетениот такси возач Д.М (57) бил паркиран на ул. Сава Ковачевиќ, пријавениот без повод и причина, почнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на главата, по што продолжил да удира по автомобилот, фрлајќи камења кон такси возачот.

loading...

Од нападот, оштетениот се здобил со телесни повреди, и предизвикана е материјална штета со оштетен преден ретровизор.

На осомничениот од страна на СВР Куманово му е поднесена кривична пријава за насилство.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments