На социјалните мрежи се појавија непроверени извештаи за напад на мост зад линијата на фронтот во украинскиот град Мелитопол, окупиран од Русија, кој се смета за витален за одбраната на Русија на териториите на југ; вклучувајќи го и Крим, пренесува Ројтерс.
Владимир Рогов, руски функционер во регионот Запорожје, сподели видео од мостот на каналот Телеграм и ги обвини „украинските терористи“ за штетата.
Иван Федоров, прогонетиот градоначалник на Мелитопол, исто така сподели видео на кое се гледа оштетување на мост кој изгледа како оној во Мелитопол.
In the suburbs of the occupied #Melitopol in the Zaporizhzhia region of #Ukraine, a bridge was blown up, along which #Russian military equipment was transported from the east, traffic on the bridge was suspended. This was reported by the mayor of the city Ivan Fedorov. pic.twitter.com/GcM72IHJoV
— NEXTA (@nexta_tv) December 12, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.