Напад со нож на на станица во Брисел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Белгиските власти уапсија маж кој пред неколку дена нападна млад човек со месарски нож на железничката станица Брисел-Југ.

Loading...

Против него е покренато обвинение за однапред испланиран напад, пишува „Брисел тајмс“.

Имено, во вторникот наутро, очигледно полуден маж ненадејно со нож нападнал 17-годишно момче и во таа прилика извикал „Алаху акбар“.

Тој го пресекол тинејџерот и го избодел неколку пати, а тоа го покажува и видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Тинејџерот се здобил со повреди, но тие не се опасни по живот.

Недолго по инцидентот, напаѓачот (18) бил уапсен и приведен, а обвинителите изјавиле дека нападот се случил како последица на претходен конфликт меѓу двајца млади момчиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении

 

Loading...