Напад со дронови откако јапонскиот премиер го напушти Киев

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а седум други се ранети во ноќните напади на руски дронови врз регионот на Киев, соопштија денеска украинските власти.

Loading...

Регионалната воена управа на Киев на својот канал Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите сè уште работат на местото на настанот, пренесе Ројтерс.

Украинската армија соопшти дека соборила 16 од 21 беспилотно летало Шахид од иранско производство што Русија ги лансираше во Украина во текот на ноќта, пренесува Танјуг.

Нападите се случија веднаш откако јапонскиот премиер Фумио Кишида го напушти Киев во ненадејна посета пред утре да се врати од Полска во Токио, според АП.