Напад на руски дронови врз Киев, оштетени згради, има и повредени

Сподели со своите пријатели

Киев утрово бил нападнат од повеќе од 20 дронови од иранско производство, од кои 15 биле соборени, соопштија градските власти.

Loading...

Наведено е дека во нападот биле оштетени инфраструктурни објекти и приватни куќи и дека две лица се ранети, пренесува АП.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 30 од 35-те беспилотни летала камикази испратени од Русија над Азовското Море.

Руските сили користеле ирански дронови Шахед.

Сирените за тревога се огласиле прво околу два часот по локално време, а потоа околу 5.30 часот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.