Напад на ајкула во Австралија: Жена тешко повредена

Сподели со своите пријатели

Жена која пливала во близина на пристаништето во Сиднеј е тешко повредена во напад на ајкула и е пренесена во болница во стабилна состојба, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Службите за итни случаи синоќа биле повикани во приватна марина во заливот Елизабет и пронашле млада жена на 20-годишна возраст со сериозна повреда на десната нога, потврди полицијата на државата Нов Јужен Велс, пренесува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека ѝ било кажано дека ајкулата ја нападнала младата жена додека таа пливала на околу 20 метри од пристаништето.

Иако видувањата на ајкули се вообичаени по плажите во Сиднеј, нападите во пристаништето се ретки, а последниот се случи во близина на Сиднејската опера и пристанишниот мост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Имаат ли животните свест? Еве што велат научниците!

Врз основа на анализата на каснувањето и дадените слики, се проценува дека жената најверојатно била нападната од бик ајкула, соопштија локалните власти.