Наоми Кембел со гола фотографија за својот 50ти роденден

Сподели со своите пријатели

Наоми Кембел повторно го „покоси“ светот и покажа дека е неприкосновена, дури и на 50-годишна возраст, колку што наполни на 22 мај годинава.

Loading...

Токму на нејзиниот јубилеен роденден, објавена е никогаш досега видена слика на гола Наоми, во која позира како да е од мајка родена.

Поранешниот врвен модел „Црна Пантера“ беше соблечена со цел снимање во метрото во Њујорк, а сликата е направена во февруари 2019 година и беше објавена во црно-бела резолуција на официјалната страница на Инстаграм „Валентино“.

Во април, Наоми Кембел славеше 34 години кариера во модната индустрија, за време на која имаше безброј модни ревии, гравираше повеќе од 800 насловни страници, беше гостинка во бројни емисии и видеа, а минатата година стана ново лице на кампањата на Шанел J12.

– Ми рекоа дека ќе траам само 11 години, но еве сум денес, славам 33 години во модната индустрија. Се чувствувам благословена и крајно благодарна на Бога. Благодарние на мајка ми Валери Морис за верувањето во соништата на тригодишно девојче и за тоа што ми дозволи да бидам тоа што сум. Вашата љубов и поддршка беа со мене во добри и тешки времиња. Те сакам, мамо – напиша Наоми на социјалните мрежи минатата година.

https://www.instagram.com/p/CAfcE3RpwPl/?utm_source=ig_embed

И една година подоцна, сè уште е тука. Се чини дека времето застана за неа, а најпрестижните модни куќи сè уште ја бараат.

Иако вели дека нема сè време за сè, во една прилика таа истакна дека ќе запре кога ќе го посака Бог.

Loading...

Една од најпознатите манекенки го имаше својот прв јавен настап како девојче, на седумгодишна возраст, кога во спотот глумеше ученичка за песната на Боб Марли, „Is this love“.

Таа влезе во светот на модата на 15-годишна возраст, а откако се појави на насловната страница на магазинот „Elle“ во април 1986 година, нејзината кариера започна да расте. И таа не запре.

https://www.instagram.com/p/CAgRUOjppoM/?utm_source=ig_embed

Следеа бројни ангажмани, а до 90-тите таа се здоби со светска слава како најпознат и најдобро платен топ модел.

Дури и денес, Наоми е синоним за женска убавина и долговечност. На возраст од 50 години, таа е икона во светот на модата и една од петте светски супермодели, а нејзиното име е поврзано со највисоко ниво на луксуз, џет-сет стил на живот и милиони обожаватели низ целата планета.

Факт е  deka „Црнa Пантерa“ го освојува светот со своите 50 години!

Leave a Reply