Намирници кои можете да ги јадете и по истекот на нивниот рок

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од вас не сакаат да ризикуваат, обично, затоа што не сме информирани, па и онаа храна која можеме да ја искористиме завршува во ѓубре.

Житарици

Можно е снегулките да изгубат нешто од својата крцкавост, па и малку од вкусот, но сигурни се за јадење и тоа цели шест месеци по истекот на рокот на траење. Само чувајте ги во херметички затворени садови. Слично е и со тестенината, јаткасти плодови, грав и слично. Ако ги чувате неотворени во неоштетено пакување можат да траат скоро и бесконечно. По отворањето добро чувајте ги во затворени садови.

Овие намирници се најголемите убијци во светот

Loading...

Грицки

Чипсот може да изгуби на крцкавоста, но по истекот на рокот на траење сигурен е за јадење и месеци потоа. Трикот е малку да го пржите во рерна (сосема кратко) за да ја вратите крцкавоста. Исто е и со крекерите и нив можете да ги „освежите“ во рерната. Меѓутоа, ако чувствувате „киселост“ тоа значи дека маслото се расипало и треба да ги фрлите.

Газирани сокови

Иако не ги препорачуваме, ако сакате понекогаш да испиете имајте на ум дека можете да ги употребите и долго по истекот на рокот – четири до шест месеци.

Путер

Со млечни производи, секако, треба да бидете внимателно, но путерот може да биде замрзнат и сочуван долго по истекувањето на рокот. Ако видите дека на рокот на траење му се ближи крајот замрзнете го. По одмрзнување можете веднаш да го употребите.

Зошто треба да ја миеме конзервата сардина пред да ја отвориме?

Чоколадо

Оваа слатко може да трае долго, а во нема можат да се појават бели дамки по истекот на рокот. Меѓутоа, ако нема мувла и тогаш е безбедна за јадење.

Млеко

Ниту млекото не мора да го фрлате по истекот на рокот. Ако не е згуснато и ако не мириса лошо можете да го пивете, а ако не сте сигурни, повторно сварете го, затоа што на високи температури се уништуваат поголем дел од бактериите.

Leave a Reply