Намалено јавно финансирање за кралот Чарлс III и кралското семејство

Сподели со своите пријатели

Јавното финансирање на британскиот крал Чарлс Трети и службените должности на кралското семејство се намалени за следната година поради неочекувани профити од офшор ветерни електрани кои припаѓаат на Краун Естејт, соопшти денеска Министерството за финансии.

Loading...

Од министерството велат дека уделот во профитот од кралскиот имот исплатен на кралското семејство ќе мора да се преполови од 25-те проценти што беа дадени во претходните години на 12 проценти следната година.

Чарлс и кралското семејство добиваат годишен таканаречен „Суверен грант“ од Министерството за финансии, врз основа на дел од профитот од Кралскиот имот, низа земјишни парцели, фарми и други имоти низ Велика Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Кралскиот имот е независна компанија со комерцијални средства во вредност од околу 16 милијарди фунти (речиси 20 милијарди долари) и вклучува некои од најскапите имоти во Лондон.

Кралскиот имот, исто така, управува со бреговите и морското дно околу Британија, а договорот за закуп на крајбрежни ветерни електрани, постигнат оваа година, генерира профит проценет на 1 милијарда фунти (1,3 милијарди долари) годишно.

Чарлс побарал профитот да се користи за „пошироко јавно добро“, наместо за финансирање на неговите службени должности.

Износот на „Суверен грант“ годинава изнесува 86,3 милиони фунти (109 милиони долари), исто како и минатата година.

Министерството за финансии соопшти дека претстојното намалување на уделот даден на кралското семејство на 12 отсто значи дека буџетот на монархијата ќе остане ист следната година бидејќи нема да ги добие дополнителните 24 милиони фунти (30 милиони долари) што би ги добиле доколку уделот остане непроменет на 25 отсто.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Потоа, во 2025 и 2026 година, буџетот на кралското семејство ќе биде 130 милиони фунти (167 милиони долари), што е помалку отколку ако процентот на удел остане непроменет.

„Овие средства ќе се користат за витални јавни услуги, за доброто на нацијата“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Чарлс е познат по тоа што се залага за „зелена енергија“, но зборува и за кризата со трошоците за живот и за притисоците со кои се соочуваат милиони негови поданици.

Намалувањето на неговиот дел од профитот од договорите на ветерните електрани ќе му помогне да ги ублажи критиките дека кралското семејство не знае како живее британското општество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Според системот на уставната монархија на Обединетото Кралство, кралевите и кралиците ѝ ги предаваат на Владата добивките од имотите на круната кои не се приватна сопственост на монархот, туку се наследен имот што му припаѓа на суверенот само за време на владеењето.

Министерството за финансии обезбедува дел од овие профити во форма на „Суверен грант“ за поддршка на кралските должности.

Чарлс и неговиот син, принцот Вилијам, имаат и приватни приходи од кралските имоти – Војводствата Ланкастер и Корнвол.