Намалена видливост на патот Свети Николе – Куманово

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, но и намалена видливост поради појава на магла.

Loading...

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Д.Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, информираат од Автомото Сојузот на Македонија.

Од 50 – 60 метри е видливоста на патните правци Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип.

На патниот правец Свети Николе Куманово и планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена до 100 метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, влат од АМСМ.

Никола Ивановски