Намалена нелегалната сеча на дрва на територијата на кумановско

Сподели со своите пријатели

Бесправната сеча на дрво на теријторијата на Куманово била намалена во изминатата година, инфромираат денес од кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“ на денешниот координативен состанок за заштита на шумското богатсво.

Намалувањето на бесправната сеча се должи на формирањето на шумочуварските реони и служби во кумановската подружница, т.е. примената на измените во Законот за шуми донесен пред две години.

Помошникот раководител за заштита на шуми во ЈП „Македонски шуми“, Горан Стојковски изјави дека била намалена бесправната сеча на дрво во Македонија, која се должи на засилените контроли на шумочуварите и спроведувањето на акцијата „Гора“.

.На подрачје на Куманово,лани имаше 15 пожари,не толку голем број,но морам да констатирам дека имавме голем пожар над Слупчане во култивираниот насад од црн бор,таму беше направена штета во вредност од 2,5 милиони денари“-изјави Стојковски.

Тој истакна дека науката и анализите покажуваат дека во 95% антропогениот фактор е причинител на пожарите.

Вакви состаноци стануваат пракса пред почетокот на сезоната, рече Ваит Саити,раководител на подрачната единица на ЈП „Македониски Шуми“ – Куманово. Институциите,наведе треба координирано да дејствуваат,секој да ја преземе својата одговорност за да заштитат шумите.

Инаку,лани,кумановската подружнца продала 20.000 метри кубни огревни дрва.Саити истакна дека во тек е склучување договори за огревно дрво со граѓаните и според него има доволно интерес меѓу жителите на Куманово,Липково и Старо Нагоричане.Нагласи дека рокот истекува на 31.март и дека дистрибуцијата на огревни дрва ќе почне штом се подобрат временските услови.