Намален водостојот на реките во кумановско

Сподели со своите пријатели

Намалени се водостоите на реките во кумановско, покажуваат мереањата на надлежните институции и податоците на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Loading...

Според последните податоци na Управата за хидрометеоролошки работи водостојот на Пчиња кај Пелинце денеска изнесува 22, вчера бил 23 сантиметри што е значително намалување на просекот во септември кој изнесува 34 сантиметри.

– Во однос на хидролошката состојба на реките кои гравитираат во и вон Куманово во месец септември се значително намалени во однос на истиот период лани и во овој момент изнесува 24 сантиметри од котата на реката Пчиња, 11 сантиметри од Крива Река. Во однос на критичните точки на Кумановка, Липковка и Којнарка, напоменуваме дека во текот на 2020 година, водостопанство „Кумановско-Липковско поле“ во соработка со општина Куманово извршија чистење на овие реки во должина од четири километри на Којнарка, Кумановка е чистена во течението во урбаната средина како и делови од реката Липковка, така што не постои можност за излевање. Дефинирани се хидрауличните пресеци на сите речни корита како и формирање на бедеми на двете од речните корита. Двете акумулации Липково и Глажња се во добра позициона состојба што значи дека имаат доволно капацитет за потребите за водоснабдување на населението-изјави Сашо Стојковски, дежурен оперативец во РЦУК Куманово.

Водостопанство „Кумановско-липковско“ поле изминатиот период ги чистеше речните корита на треите реки кои течат во урбаната средина.

Изминатиот месец се чистеше коритото на Кумановка покрај кејот, а според најавите на надлежните чистењето ќе продолжи сѐ до Проевце.

МИА

Leave a Reply