Намален бројот на лица умрени од насилна смрт

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е намалена за 15.3% во однос на претходната година и изнесува 421 умрено лицe.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.1%. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75.1%.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“, со 66.0%, потоа „Самоубиствата“, со 26.4% и „Убиствата“ со 7.6%.

Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 26.1%.

Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15.7%.

Во категоријата „Убиства“, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“, со учество од 2.4% во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Leave a Reply