Намален број на прекршочни постапки на подрачјето на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Минатата година намален е бројот на барања за прекршочни постапки во Куманово за 15,3 проценти во однос на 2020-та година, информираа денеска од СВР Куманово.

Loading...

Лани, на подрачје на Куманово биле евидентирани 662 барања за поведување на прекршочна постапка, што е намалување во однос на 2020 кога биле регистрирани 782.

Од 662 барања за поведување на прекршочна постапка, регистрирани се 88 пријави за учество во тепачка, 172 за физички напад,183 за карање и викање и др.

– СВР Куманово и во 2021 година работеше на одржување на поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, со преземање на превентивно-репресивни и други мерки за попречување на нарушувања на јавниот ред и мир од страна на поединци или организирани групи, а со тоа одржување на стабилен јавен ред и мир и обезбедување на услови за спокоен и мирен живот на граѓаните, соопштија од СВР Куманово.

МИА