Највисоки цени на горивото во историјата на САД

Сподели со своите пријатели

Просечните цени на горивата на бензинските пумпи во САД се на највисоките нивоа во историјата, пишува специјализираната веб-страница за пребарување на цените на горивата по бензински пумпи во САД GasBuddy.

Loading...

Просечната цена на бензинските пумпи низ САД надмина 5 долари за галон, т.е. 1,32 долари за литар.

„Оваа година беше еден пресврт по друг, а најлошо од сè, се чини дека побарувачката не реагира на зголемувањето на цените на горивото, што значи дека постои голема веројатност дека цените би можеле дополнително да се зголемат во следните недели“, рече Патрик Де Хаан , шеф на анализа на нафта во GasBuddy.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени

„Тоа се факторите кои ја создаваат основата за брзи поскапувања. Ситуацијата може да се влоши уште повеќе ако има некакви неочекувани проблеми во националните рафинерии или голем ураган што ќе влијае на производството на рафинериите ова лето.

Пресметано во наши пари Американците плаќаат околу 76 денари по литар гориво.

Пад на производството по пандемијата

Рекордна цена во САД дојде по неколкумесечни поскапувања на бензинот низ целата земја, забрзана од зголемената сезонска побарувачка во услови на ограничувања во понудата предизвикани од пандемијата.

Производството на сурова нафта во САД достигна максимум од близу 13 милиони барели дневно во месеците пред пандемијата во 2020 година, а со сегашното производство од околу 11,4 милиони барели дневно, има уште долг пат до враќање на нивоата пред пандемијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Цените пораснаа поради намалувањето на залихите за 25 милиони барели.

Loading...

Скокот се должи и на недостигот предизвикан од војната во Украина и западните санкции: земјите се обидуваат да го намалат увозот на нафта од Русија, а со тоа да ја намалат понудата поради зголемената побарувачка.

И покрај историските цени, Американците не трошат помалку гориво од претходните месеци и побарувачката е стабилна.

Соединетите Американски Држави се најголемиот производител на нафта во светот, пред Саудиска Арабија и Русија.

Но, бидејќи има голема економија во исто време, за разлика од Саудиска Арабија и Русија, таа самата троши најголем дел од нафтата, што ја прави четврти најголем извозник во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Од 2019 година, САД извезуваат повеќе нафта отколку што увезуваат.