Најстариот канал во Амстердам го доби првиот 3Д печатен мост во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дизајнерите и инженерите од MX3D и Joris Laarman Lab го развија првиот 3Д печатен мост во светот, со желба да го поврзат минатото на Амстердам со неговата иднина. Мостот е поставен над еден од најстарите канали во Амстердам во областа Де Вален во градот.

Loading...

Лабораторијата MX3D и Лаарман соработуваа со мноштво дизајнери и тимови за 3Д печатење за да развијат мост кој ги комбинира традиционалните челични конструкции со компјутерски потпомогнат дизајн, според веб-страницата Јанко Дизајн.

Во градењето на мостот, кој е долг нешто повеќе од 12 метри, MX3D опреми едноставни, технички роботи со наменски алатки управувани од интегриран софтвер, кој беше развиен од тим на дизајнери во текот на две години.

 

 

Водечкиот градежен инженер на Аруп бил вклучен во поедноставување на процесот на дизајнирање на прелиминарниот мост.

MX3D посочува дека „применет е единствен пристап што овозможува 3Д печатење на силни, сложени и добри метални конструкции. Целта на проектот MX3D е да се прикаже потенцијалната технологијата за 3Д-печатење со повеќе оски“.

Loading...

Холандската кралица Максима прва прошета низ новоотворениот мост.

 

 

Leave a Reply