Најстарата тату уметничка има скоро 100 години, но целиот свет доаѓа кај неа (видео)

Сподели со своите пријатели

Опркужено со бујни полиња ориз и прекрасни пејсажи, планинското село Бускалан има околу 200 куќи. Се наоѓа во провинцијата Калинга на Филипините и околу 15 часа возење северно од Манила. Многу луѓе доаѓаат тука во потрага по најстарата тату уметничка Вханг Од Огаја, која рачно изработува тетоважи од својата 15-та година, а сега има скоро 100.

Традицијата ќе се продолжи се додека луѓети и натаму доаѓаат тука за да направат тетоважа. Додека може да работи ќе продолжи да црта, а ќе престане кога нема да може да види, признала уметничката.

Традиционалната рачна изработка на тетоважи започнала од автохтоните Бутбут војници, пренесува CNN.

Кога ќе убијат некој, тие имаат право на тетоважа. Сите знаеле кога некој војник некого убил затоа што би објавил пред сите – вели таа.

Што се однесува до жените тие тетоважите ги сметаат за естетски додаток и тогаш би рекле:

Оди на тетовирање за да изгледа убаво – се присетува Вханг на своите тинејџерски години, кога пријатлеите ги прекривале своите раце инозе со тетоважи.

Но, кога овие војници исчезнале, тетоважите станале достапни за сите. Вханг има многу клиенти од целиот свет, а дневни изработи и од осум тетоважи.

Секој симбол има длабоко значење. Некои симболи претставуваат планини или сонце, другите плодност и моќ.

Ми се допаѓа што туристите тоаѓаат тука, затоа што ни помагаат финансиски. Се надевам дека ќе продолжат да доаѓаат – вели таа.

Loading...

Вханг работи според техниката стара неколку милениуми и користи само неколку алатки, трн со помело дрво, прачка од бамбус, јаглен и вода.

Со интензивна концентрација таа дизајнира на кожата со користење на домашно мастило и јаглена вода. Чука по кожата, користејќи трн и бамбусова прачка да го потисне мастилото длабоко во кожата.

Со оваа техника, Вханг прави неверојатни геометриски форми, без болка кои се врзуваат за модерна техника на тетовирање. Зачувувањето на оваа уметност е многу покомплицирана отколку што изгледа. Уметноста може да се пренесе само на крвни роднини. Иако таа нема свои деца, веќе неколку години ги обучува своите роднини.

Иако уметноста е во добри раце, оваа дама не планира се уште да го напушти овој свет. Таа објаснува и во што е тајната на нејзината долговечност.

Не јадам конзервирани производи, храна со масло, храна со конзерванси. Конзумирам само органска храна како лиснат зеленчук и грав – вели таа.

https://www.facebook.com/cnn/videos/10157151185911509/